Попоски: Да ги урнеме стереотипите на Балканот
Да ги урнеме стереотипите на Балканот, меѓусебната поврзаност е од особена важност за напредокот на регионот, истакнал Попоски на состанокот на иницијативата Западен Балкан, на кој учествуваа и еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник на Унијата, Федерика Могерини, како и министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан.

На маргините на Генералното собрание на ОН, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска има средба со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.
Да ги урнеме стереотипите на Балканот, меѓусебната поврзаност е од особена важност за напредокот на регионот, истакнал Попоски на состанокот на иницијативата Западен Балкан, на кој учествуваа и еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник на Унијата, Федерика Могерини, како и министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан.
Реафирмирана е поддршката за полноправно членство во НАТО, на сите земји од Јадранската група. Попоски се сретнал и со министерот на надворешни на Бугарија, Митов, со кого било договорено продолжување на разговорите за договорот за добрососедство и пријателство.
