Прогласена вонредна состојба во Шарлот, Северна Каролина

22.09.2016 10:56

Во демонстрациите е сериозно повредено едно лице и 16 полицајци. Офицерите тврдат дека 43-годишниот Кит Скот кој држел оружје, им пружал отпор, но роднини на убиениот негираат дека бил вооружен.

Гувернерот на Северна Каролина прогласи вонредна состојба во градот Шарлот, каде што продолжија судирите меѓу полицијата и демонстрантите поради убиството на афроамерикански цивил.

Во демонстрациите е сериозно повредено едно лице и 16 полицајци. Офицерите тврдат дека 43-годишниот Кит Скот кој држел оружје, им пружал отпор, но роднини на убиениот негираат дека бил вооружен.

Ова е третиот Афроамериканец застрелан од полициски службеник во последните седум дена. 13-годишно момче во Охајо загина откако наводно извадило пиштол за време на апсењето.

Теренс Крачер беше застрелан на пат во Тулса, Оклахома откако му се расипало возилото. Снимките покажаа дека воопшто немал оружје.