Тексас се повлекува од програмата на Агенцијата за преселување на бегалците

22.09.2016 11:13

Гувернерот Грег Абот изјави дека властите немаат капацитет и волја да направат разлика меѓу опасност и штета, така што Тексас нема да соработува со нив.

Американската сојузна држава Тексас се повлекува од програмата на Агенцијата за преселување на бегалците. Причина за оваа одлука е зачувување на безбедноста во период на неконтролираниот бегалски бран од Сирија.

Гувернерот Грег Абот изјави дека властите немаат капацитет и волја да направат разлика меѓу опасност и штета, така што Тексас нема да соработува со нив. Според податоците од Стејт департментот, од 2011 година во Тексас се преселиле 1.104 Сиријци.

Администрацијата на претседателот Обама планира во фискалната 2017 година, која почнува на први октомври, да го зголеми за 30% бројот на бегалци кои ќе се вдомат во САД.