Додик во Москва на средба со Путин
22.09.2016 11:20
Главна тема во агендата се економијата и политиката во Босна и Херцеговина, вклучувајќи го и референдумот на 25 септември за 9 јануари како Ден на Република Српска, празникот кој беше прогласен за неуставен од Уставниот суд во Босна и Херцеговина.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик е во посета на Москва да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Главна тема во агендата се економијата и политиката во Босна и Херцеговина, вклучувајќи го и референдумот на 25 септември за 9 јануари како Ден на Република Српска, празникот кој беше прогласен за неуставен од Уставниот суд во Босна и Херцеговина.
Додик очекува зацврстување на соработката со Русија.
