Нордиските земји бараат Унгарија да ги прифати барателите на азил
Данска, Финска, Шведска и Исланд очекуваат Европската комисија да преземе соодветни мерки со кои ќе се обврзе Унгарија да ги земе на своја територија лицата кои таму се пријавиле прв пат...

Нордиските земји бараат Унгарија да ги прифати барателите на азил во рамките на Договорот од Даблин. Данска, Финска, Шведска и Исланд очекуваат Европската комисија да преземе соодветни мерки со кои ќе се обврзе Унгарија да ги земе на своја територија лицата кои таму се пријавиле прв пат. Според Договорот, бегалците треба да бараат азил во првата земја во Шенгенот каде што оставаат отпечатоци од прсти.
Владата во Будимпешта тврди дека барањата за азил треба да ги обработи земјата во Европската Унија во која влегува бегалецот, обвинувајќи ја Грција дека не го ипочитува договорот.
На 2 октомври премиерот Орбан организира референдум против распределба на бегалците во Унијата.
