ЕУ не може да ги ревидира договорите за „Јужен поток“
01.02.2014 09:42
Договрите што Русија ги склучи со балканските земји за изградба на гасоводот „Јужен поток“...

Договрите што Русија ги склучи со балканските земји за изградба на гасоводот „Јужен поток“ се дел од меѓународното право и Европската унија не може нив еднострано да ги подложи на ревизија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за белградскиот весник „Политика“.
Лавров во интервјуто се задржал на руско-српските односи нагласувајќи дека за Русија е „важно зближувањето на Србија со Европската унија“.
