Вонредна состојба во Шарлот, продолжуваат судирите меѓу полицијата и демонстрантите

22.09.2016 12:15

Во демонстрациите е сериозно повредено едно лице и 16 полицајци. Нападнати биле и новинарски екипи. Офицерите, кои носеле налог за апсење за друго лице, тврдат дека 43-годишниот Кит Скот излегол од автомобил со оружје во рацете и им дал отпор.

Гувернерот на Северна Каролина прогласи вонредна состојба во градот Шарлот каде што продолжија судирите меѓу полицијата и демонстрантите поради убиството на афроамерикански цивил. Во демонстрациите е сериозно повредено едно лице и 16 полицајци. Нападнати биле и новинарски екипи.

Офицерите, кои носеле налог за апсење за друго лице, тврдат дека 43-годишниот Кит Скот излегол од автомобил со оружје во рацете и им дал отпор.

Но, роднини на убиениот негираат, нагласувајќи дека читал книга додека го чекал синот од училиште.

Јасно ни е дека протестите продолжуваат. Сакам да нагласам дека зборував со многу верски лидери и членови на заедницата и сите ве повикуваме да ги задржиме мирот, безбедноста и дијалогот“, изјави Џенифер Робертс, градоначалничка на Шарлот.

Народот чека да види како ќе реагираме. Оптимист сум во однос на резултатите на нашата акција. Ќе имаме добри резултати. Време е тивкото мнозинство да го крене својот глас. Време е да се смени наративот. Приказната е малку поинаква од она што ви се презентираше досега, особено на социјалните медиуми“, изјави Кер Патни, шеф на полицијата во Шарлот.

Снимката од безбедносните камери е дадена на анализа.

Ова е третиот Афроамериканец застрелан од полициски службеник во последните седум дена. 13-годишно момче во Охајо загина откако наводно извадило пиштол за време на апсењето поради дојава за кражба. Теренс Крачер беше застрелан на пат во Тулса, Оклахома откако му се расипало возилото. Снимките покажаа дека воопшто немал оружје.