Кривичен суд: Вратени доказите во СЈО, недостигал акт
Причината е што во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, со листата докази и списи, не бил доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка, врз основа на кој овие доверливи докази би можеле да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението.

Судијата, кој треба да постапи по обвинителниот предлог во скратена постапка против осомничените за кривичното дело „фалсификување службена исправа“ поднесен од СЈО, со допис ги врати доставените докази во прилог на обвинителниот предлог, информираат од скопскиот Кривичен суд.
Причината е што во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, со листата докази и списи, не бил доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка, врз основа на кој овие доверливи докази би можеле да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението.
Од судот информираат дека без ваков акт, истите не можеле да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот.
