Расправа за лустрацијата во Законодавниот дом
Пратениците од опозицијата сметаат дека повеќе не е целисходно функционирањето на Лустрациска, бидејќи не може да носи нови решенија. Со тоа, според СДСМ, би се заштедиле пари во Буџетот.

Собранието денеска ја продолжи пленарната седница, на која што се расправа за престанување на важењето на Законот за лустрација. Предлогот на измените на законот е поднесен од опозициската СДСМ, а предлагачот Сугарески од оваа партија изјави дека Комисијата за лустрација веќе не треба да постои. Тој побара парите од буџетот за ова собраниско тело да се пренасочат за други намени.
Пратениците од опозицијата сметаат дека повеќе не е целисходно функционирањето на Лустрациска, бидејќи не може да носи нови решенија. Со тоа, според СДСМ, би се заштедиле пари во Буџетот.
Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата има обврска да ги заврши отворените предмети за да се исправи историска неправда.
