Тутун ќе се откупува и за викендите

01.02.2014 09:49

Станува збор за барање од страна на тутунопроизводителите, кое преку Министерството за земјоделство беше препорачано на откупувачите и беше прифатено.

Од денеска откупот на тутун ќе се реализира и за време на викендите. Станува збор за барање од страна на тутунопроизводителите, кое преку Министерството за земјоделство беше препорачано на откупувачите и беше прифатено.
 
Од Тутунскиот комбинат Прилеп информираа дека ќе ја почитуваат препораката на Министерството и денеска на сите откупни пунктови ќе се реализира откуп на тутун и тоа темпо ќе продолжи и во наредните денови. И останатите компании прифатија да вршат откуп за време на викендите.
 
Со оваа мерка се очекува интензивирање и порано завршување на откупот на тутун. Досега се откупени околу 18 милиони килограми тутун.