Црвениот крст исплатил хуманитарна помош на 3.515 семејства

22.09.2016 15:03

Поради недостатоци во податоците, средствата од хуманитарната помош не се префрлени на 426 семејства и истите се контактираат од страна на Црвен крст на Република Македонија со цел комплетирање на податоците потребни за исплата, соопштија денеска од хуманитарната организација.

Согласно списоците од надлежните институции кои ги содржат податоците за лицата погодени од поплавите, Црвениот крст на Република Македонија изврши исплата на хуманитарна помош на 3.515 настрадани семејства. Поради недостатоци во податоците, средствата од хуманитарната помош не се префрлени на 426 семејства и истите се контактираат од страна на Црвен крст на Република Македонија со цел комплетирање на податоците потребни за исплата, соопштија денеска од хуманитарната организација.

Црвен крст на Република Македонија во своето работење се раководи од позитивните правни нормиво државата. Во овој контекст, при исплатата на хуманитарната помош до настраданите семејства Црвен крст на Република Македонија го примени чл.3 од Законот за персонален данок на доход согласно кој при секоја исплата кон физичко лице (освен во случајот на чл.6 од Законот за персонален данок на доход) потребно е да се плати персонален данок во висина од 10%.