Велосипедско дефиле по повод Денот без автомобили и Европската недела на мобилност
На велосипеди беа и вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Град Скопје.
Преку 2.000 велосипедисти денеска учествуваа на традиционалното велосипедско дефиле по повод Денот без автомобили и Европската недела на мобилност. Возеа од плоштадот „Пела“ низ скопските улици до „Школка“ во Градскиот парк.
Целта е на овој начин да се влијае врз свеста на граѓаните за зачувување на здравјето и животната средина. На велосипеди беа и вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Град Скопје.
Порачаа- луѓето да го користат велосипедот почесто зошто е добро за здравјето и заштедува средства. Дефилето крунисано со музички хепенинг. Доделени и 20 велосипеди.
