Суперболот под „терористичка закана“?
Полицијата во источната сојузна држава Њу Џерси вели дека води истрага за „сомнителна“ ...

Полицијата во источната сојузна држава Њу Џерси вели дека води истрага за „сомнителна“ супстанца испратена по пошта до хотели во близина на местото каде во недела ќе се одржи Супербол – шампионски натпревар на американската национална фудбалска лига,јавува Гласот на Америка на македонски јазик.
Според медиумот, новинските извештаи од петок велат дека пакетите биле испратени до најмалку пет хотели во околината на МетЛајф стадионот, кој е лоциран во Источен Рутерфорд, во Њу Џерси.
Федералното Истражно Биро исто така го испитува белиот прав за кои некои новински куќи кажаа дека наводно бил нишесте.
Оваа година Супербол е соочување на Денвер Бронкос и Сиетл Сихокс. Секоја година, суперфиналето е најголем спортски настан во САД, што привлекува десетици илјади љубители на фудбалот во градот што е домаќин на мечот.
