Микрокреидитање за намалување на сиромаштијата и развој на претприемништвото
Засилено кредитирање за намалување на сиромаштијата во Македонија и до развој на претприемништвото. Микрофирмите сѐ уште имаат ограничен пристап кон основните банкарски услуги. На конференција во Скопје – обид да се детектираат проблемите и да се најдат решенија...

Малите претпијатијата кои имаат до 10 вработени, имаат ограничен пристап до пазарот на капитал, а такви се 90 насто од фирмите во државава. Затоа го користат системот на микрофинансиските институциите како можност да ги обезбедат основните банкарски услуги.
„Носител на тие активности е Македонската банка за поддршка на развојот преку која Владата на РМ пласираше посебна кредитна линија за поддршка на иницијативи за микробизнис, а од минатата година започна да работи и Фондот за иновации, чија цел е поттикнување и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средни претпријатија“, изјави министерот за финансии Кирил Миноски.
Освен на фирми, оваа поддршка им се нуди и на луѓе кои имаат мали примања.
„Се работи за мали кредити со износи од 100 евра нагоре, кои за тие луѓе имаат исклучителна важност и за тоа најдобар показател е исклучително високата стапка на дисциплина во враќањето на кредитите“, изјави Горан Лазаревски, претседател на Сојузот на микрофинансиските организации.
Микфрофинанисирањето е светска практика која покажува резултати во борбата со сиромаштијата, но и со намалување на семејното насилство, искористувањето на детскиот труд и друго.
„Во светот над 2 милијарди луѓе немаат пристап до формалните банкарски услуги и затоа финансиската инклузија е важен фактор во намалување на сиромашитијата и развој на економијата“, вели Џејмс Стаин, директор на мисијата на УСАИД во земјава.
На финансискиот пазар во Македонија работат 12 вакви друштва, кои од почетокот на годинава имаат склучено околу 3.000 договори за кредитирање.
Ана Јосифоска- Тодоровска
