Расте заштедата на граѓаните и фирмите
01.02.2014 11:27
Граѓаните чуваат во банка 3 милијарди евра, а со заштедите на фирмите износот на пари ...

Граѓаните чуваат во банка 3 милијарди евра, а со заштедите на фирмите износот на пари ставени во банкарските сефови изнесува вкупно 4,2 милијарди евра.
Според податоците од Народна банка, македонските штедачи и фирми во 2013 на банкарските сметки штеделе 185 милиони евра во споредба со 2012-та.
Неофицијално се проценува дека граѓаните „под перница“ во домовите чуваат и неколку стотици милиони евра. Само во декември 2013-та, заштедите на домаќинствата се зголемиле за 48 милиони евра.
Податоците покажуваат дека граѓаните им веруваат на домашните банки, а и на на депозитите во денари кои растат.
