Кластерско здружување за поголем раст

23.09.2016 10:43

Повеќе од 120 експерти од 22 држави во светот учествуваат на седмата конференција на кластери од регионот на Балканот и Црноморието. Здружувањето во кластери овозможува искористување на заедничките ресурси на компаниите, државните институции и науката во развој на нови производи и услуги, велат експертите...

Во изминатите 10 години во нашата држава се формирани 30 кластерски здруженија, што е значаен удел ако се знае дека на ниво на Европа има околу 2.500 стопански кластери. На конференцијата Македонија е посочена како најдобра кога се работи за процедурите за започнување на бизнис и најкус рок за основање на фирми, што овозможува развој на млади компании, нивно кластерско здружување и развој.

„Нивното здружување има за цел да се искористат заедничките ресурси помеѓу компаниите, државата и науката за да се развијат нови производи и услуги, кои што би се пласирале пред сѐ на запад“, вели Радмил ПоленаковиќБизнис старт-ап центар -Машински факултетСкопје.

Според експертите за развој на кластерските здруженија кластерингот значи градење на тимови кои што ќе работат во насока на препознавање на сопствените потенцијали и нивно зајакнување.

„Направи една клима и култура каде што од еден затворен систем ќе имаме еден отворен систем на размена на информации, што ќе резултира со поконкурентни компании и поконкурентен кластер, поиновативен состав“, изјави Ифор ВилијамсНов Зеланд.

Клатерот за туризам во Југозападна Македонија веќе дава резултати.

„Кластерот токму тоа го прави, здружува различни понудувачи на услоги и мислам дека после три години се покажува дека тоа е единствениот пат напред ако сакаме успех во туризмот“, вели Аница Палацо, Туристички кластер ЕДЕН.

За кластерите како економска форма на здружување кои ја развиваат иновативноста и конкурентноста во Охрид дискутираат над 120 експерти од 22 од светот.

 

Сашо Нелоски