Силен земјотрес во Јапонија
23.09.2016 10:16
Засега не е издадено предупредување за појава на цунами од Пацифичкиот центар на Хаваите.

Земјотрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди реонот југоисточно од Токио. Нема информации за човечки жртви или материјална штета.
Засега не е издадено предупредување за појава на цунами од Пацифичкиот центар на Хаваите.
Од јапонската Метеоролошка служба сметаат дека се можни мали промени во нивото на морската површина, но не во опасни размери за Јапонија.
