Сириските сили почнаа офанзива против бунтовниците во источниот дел од Алепо
23.09.2016 10:58
Армијата ќе воспостави коридори, преку кои цивилите и бунтовници кои ќе сакаат да се предадат, ќе можат да го напуштат регионот под контрола на екстремистите.

Сириските владини сили почнаа нова офанзива против бунтовниците во источниот дел на Алепо. Армијата ќе воспостави коридори, преку кои цивилите и бунтовници кои ќе сакаат да се предадат, ќе можат да го напуштат регионот под контрола на екстремистите.
Според западните медиуми, ова соопштение на владините сили на Сирија веројатно значи уште поголемо интензивирање на воздушните напади на руските и сириските авиони врз позициите на бунтовниците.
