Додик и Путин не разговараа за референдумот за Република Српска

23.09.2016 11:01

Додик добил поддршка од официјална Москва за обидите за одржување на стабилноста на Западен Балкан и Дејтонскиот договор.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик се сретна со рускиот колега Владимир Путин во рамките на редовните консултации на различни теми.

Додик добил поддршка од официјална Москва за обидите за одржување на стабилноста на Западен Балкан и Дејтонскиот договор. Економијата била централна тема на билатералната средба.

За референдумот во Република Српска, двајцата претседатели не дискутирале во детали. Според Додик, тој е наменет за зачувување на демократските права, а не за одделување.