Тулса: Полицајка обвинета за убиство
Крачер беше на отворен пат со расипано возило, а офицерите интервенирале бидејќи мислеле дека носел оружје во рацете, што подоцна се докажа како невистина.

Полицајката Бети Шелби која го застрела Афроамериканецот Теренс Крачер во Тулса е обвинета за убиство. Крачер беше на отворен пат со расипано возило, а офицерите интервенирале бидејќи мислеле дека носел оружје во рацете, што подоцна се докажа како невистина.
„Не знам зошто работите понекогаш се случуваат на ваков начин. Мора да се молиме за мудрост и за вистинска насока за секој од нашите животни патишта. На крајот, секој од нас ги носи последиците од сопствените постапки“, изјави Стив Кунцвајлер, Јавен обвинител во Тулса.
Во градот Шарлот, Северна Каролина, беше воведен полициски час за да се спречат уште едни насилни протести кои почнаа поради убиството на друг Афроамериканец. Граѓаните повторно излегоа на улиците до изутрина, но овој пат емоциите ги канализираа преку госпел песни.
„Министерството за правда и натаму ќе ги штити правата на сите Американци. На полициските служби ќе им ги дава потребните ресурси за да си ја вршат работата безбедно и праведно. Промовираме отворен дијалог, помирување и елиминирање на секој вид насислтво“, рече Лорета Линч, Секретар за правда на САД.
Втора година по ред, полициската бруталност кон афроамериканското население предизвикува серија протести низ САД.
