Собранието прифати четири-предлог закони да се донесат по скратена постапка

23.09.2016 12:35

Станува збор за предлог- законот за извршување на буџетот за 2017-та, законското решение за задолжување со кредит кај кредитната банка за обнова и развој по договорот за кредит за проектот за наводнување на јужниот регион и долината на реката Вардар и предлогот за дополнување на законот за водостопанство.

Со 49 гласа „за“ Собранието на РМ го прифати предлогот на владата по скратена постапка да ги разгледа доставените 4 предлог закони. Станува збор за предлог- законот за извршување на буџетот за 2017-та, законското решение за задолжување со кредит кај кредитната банка за обнова и развој по договорот за кредит за проектот за наводнување на јужниот регион и долината на реката Вардар и предлогот за дополнување на законот за водостопанство.

Пред да ја прекине 122 седница претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги задолжи матичните комисии за финансирање и буџет и за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и законодавно правната комисија да ги разгледаат предлог- законите.

Продолжението на 122 собраниска сесија ќе биде дополнително закажано, најави Вељаноски.