Нови иновативни решенија во јавниот транспорт

23.09.2016 13:43

Треба да понудат предлог решенија за оптимизација на транспортните услуги на автобуските линии 5, 15, 22, 19 и 57 и да развијат прототип на паметна автобуска постојка.

До 15-ти октомври трае конкурсот што Јавното сообраќајно претпријатие во соработка со Фондот за иновации и ФИНКИ го отворија за креирање на технички решенија, кои ќе се употребат за системот на транспортот како во јавниот така и во приватниот сектор. Може да конкурираат студенти и стартап компании. Досега се пријавени пет екипи. Ќе се користат лабораториите на ФИНКИ, а Фондот за иновации ќе учсетвува со поддршка во креирање на програми.

Треба да понудат предлог решенија за оптимизација на транспортните услуги на автобуските линии 5, 15, 22, 19 и 57 и да развијат прототип на паметна автобуска постојка.

Во системот за пријавување веќе има пет екипи од разни факултети. Охрабруваме мултидисциплинарен пристап  за да може да се орагнизираат  студенти од различни факултети и да ги употребат различните знаења и искуства. Очекуваме бројот да се зголеми и да имаме конкурентен натпревар во кој најкреативните и најтехнички способните екипи ќе предложат решение за овој предизвик, изјави деканот на ФИНКИ, Иван Чорбев.

На хакатонот, појасни Чорбев, треба да се понудат алгоритми и начин како да се подобри квалитет  на транспортот на неколку автобуски линии, да се намали гужвата во автобусите и времето за патување, а тоа да се развие со употреба на лабораториите на факултетите.

Решенијата за паметна автобуска постојка, ќе се развиваат во лабораториите на Машинскиот факултет и комбинација на современи електронски средства  и алгоритми. Таа автобуска постојка треба биде прототип кој потоа ќе се имплементира на сите постојки на ЈСП.