Доделени 1,3 милиони евра од Фондот за иновации
Во моментов има 33 корисниции, а досега доделени се 1,3 милиони евра за иновативни решенија.

До крајот на октомври ќе се знаат кои се новите најдобри креативни идеи наградени од Фондот за иновации за грантот тежок 450 илјади евра. Во моментов има 33 корисниции, а досега доделени се 1,3 милиони евра за иновативни решенија.
„Во моментот Фондот за иновации има 33 корисници, дел од нив веќе ги завршуваат своите проекти. Навистина сме горди на продуктите кои излегоа од грантовите шеми. Доделени се милион и 300 илјади евра, а до крајот на октомври очекуваме да имаме нови корисници. Повикот кој што беше објавен, за кој што и ќе се одлучува, изнсува 450 илјади евра за 15 старт ап претпријатија“, изјави директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска.
Заклучно со 2017-та година предвидено е од Фондот за иновации да бидат инвестирани 10 милиони евра.
