Хелсиншки: Реизборот на Аневски е незаконски
Аневски согласно Законот за Совет на јавни обвинители немал право на повторен избор, зашто мандатот на претседателот на Советот трае само две години. Таквиот избор претставува сериозна повреда на законитоста, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Реизборот на престедателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски е незаконски, тврдат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од таму укажуваат дека дека Аневски согласно Законот за Совет на јавни обвинители немал право на повторен избор, зашто мандатот на претседателот на Советот трае само две години. Таквиот избор претставува сериозна повреда на законитоста, па затоа го повикаа Советот да свика итна седница за преиспитување на одлуката.
Според Аневски, пак, не станувало збор за прекршување на Законот. Тој тврди дека имал право да се кандидира за престедател зашто, вели во претходниот состав на Советот две години бил член и две години бил претседател, па имал право да се кандидира и во овој мандат.
Аневски додаде дека исто како и неговиот претходник, Кизов, којшто бил претседател во првиот и вториот мандат, тој е претседател во вториот и третиот мандат на Советот.
Од Хелсиншки, пак, реагираат дека ваквата одлука на Советот ја доведува во прашање компетентноста, независноста и непристрасноста на членовите на Советот како и неговата основна функција да ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција.
