Сириската војска прогласи офанзива во Алепо
Сириската армија соопшти дека почнала голема операција против бунтовничките сили кои што го држат под контрола источниот дел на Алепо. За многумина, ова би можело да биде вистински пресврт во војната...

Камиони со хуманитарна помош повторно влегоа во Сирија во време додека трае офанзивата на сириската војска во Алепо, првпат по смртоносниот напад на конвој на обединетите народи од почетокот на неделава и откако пропаднаа сите дипломатски напори да се одржи примирјето.
Истовремено сириската војска објави дека почнува офанзива за заземање делови од Алепо под контрола на бунтовниците.
Објавата на министерството за внатрешни работи следи по повеќечасовни интензивни воздушни удари врз Алепо, во кои беше запален поголемиот дел од градот. Наведено е дека нема да има казни, ниту апсења на граѓаните кои ќе дојдат до пукнтовите на сириската војска и дека се преземени сите мерки за да се примат сите цивили и да им се осигура сместување.
Во понеделникот во нападот врз хуманитарен конвој беа убиени 21 лице и уништени 18 камиони, поради што он ги запреа конвоите, а напнатоста меѓу русија и сад се зајакна.
Состанокот на дипломатите одржан во четвртокот на маргините на Генералното собрание во Њујорк, не успеа да постигне обнова на примирјето постигнато со посредство на САД и на Русија, кое пропадна во понеделникот по седум дена. Зборувајќи по состанокот на меѓународните групи за поддршка за Сирија, американскиот секретар Џон Кери рече дека е предан на тоа да се одржи примирјето, и ги повика сирискиот режим и Русија да го извршат својот дел од работата и да му олеснат на сирискиот народ.
Претсавникот за Сирија, Стефан Де Мистура рече дека било долготрајна, тешка и разочарувачкиа средба, додавајќи дека САД и Русија се де факто поткопани од другите кои до сега не сакале или не се труделе да постигнат прекин на огнот.
„Лошата вест е што сирискиот народ се уште чека на прекин на непријателството. Добрите вести, ако сакате да ги слушнете, се дека Русија и Америка се согласија интензивно да работат заедно да ја постигнат таа цел“, изјави Де Мистура.
Следните денови ако успее мисијата во руралната област на Дамаск на терен ќе пристигне уште хуманитарна помош, на која се потпираат милиони сиријци.
Марина Автовска
