Продолжува дебатата во Собранието за извештајот на СЈО

26.09.2016 08:27

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава.

На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела.

Извештаите  на СЈО и на Јавните обвинителства се на дневен ред и на закажаната за денеска напладне 120 пленарна седница.