Македонските граѓани најмногу гледаат вести и играни серии
Македонските граѓани најмногу гледаат вести и играни серии и не користат само еден извор на информации, туку најчесто се информираат преку телевизијата и интернетот, покажале резултатите од истражувањето што во ноември – декември минатата година било спроведено по барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...

Најмногу ги гледаат вестите, веднаш зад нив македонските граѓани најмногу ги следат играните серии. Според истажувањето, сепак тие се изјасниле дека сериите се премногу застапени на медиумите и дека има недостиг од образовна и културан програма, програми за деца и цртани филмови, документарни емисии и играни филмови.
Телевизијата останува најзначаен медиум преку кој се инфрмираат граѓаните, зашто 75 проценти од анкетираните изјавиле дека за домашните и странските настани секојдневно се информираат преку телевизијата. Втор најчест извор на информирање е интернетот. Според истражувањето 66 проценти од испитаниците одговориле дека никогаш не се информираат од радиото, а речиси 57 проценти дека никогаш не се информираат од печатените медиуми.
Во анализата за пазарот на Агенцијата за медиуми, пак, отсуствуваат податоците од електронското мерење на гледаноста на телевиизите.
Според оваа анализа, вкупните приходи на радиодофузерите изнесуваат 3 милијарди 102 милиони денари од кои милијарда 693 милиони денари се приходи добиени од реклами. Речиси 92 проценти од вкупните приходи од реклами ги оствариле телевизиите, а само осум проценти се приходи што ги оствариле радијата.
Агенцијата до сега до судовите поднесла четири барања за прекршочни санции на радиодифузерите.
Фиљана Кока
