Почина Шимон Перес
28.09.2016 10:02
На светската политичка сцена ќе биде запаметен како историска личност од генерацијата на основачите на израелската држава.

Почина поранешниот израелски претседател и виден државник, Шимон Перес. Пред две недели, 93-годишниот Перес беше хоспитализиран во Тел Авив поради тежок мозочен удар.
На светската политичка сцена ќе биде запаметен како историска личност од генерацијата на основачите на израелската држава.
Исто така учествуваше во спогодбата од Осло со која се поставија темелите за палестинската автономија во 90-тите години од минатиот век, поради што ја доби Нобеловата награда за мир во 1994 година.
