Џим Јонг Ким останува на чело на Светска банка

28.09.2016 10:05

Педесет и шест годишниот Ким е претседател на Светска банка од јули 2012 година...

Американецот Џим Јонг Ким, единствениот кандидат за неговата досегашна позиција како претседател на Светската банка, едногласно беше избран за втор петгодишен мандат.

Според договорот, направен по Втората Светска војна, предвидено е американците и европејците да ги поделат раководствата во двете финансиски институции, ММФ и во Светска банка.

Според договорот, на чело на Светска банка секогаш се наоѓа американец, додека претседателот на ММФ е европеец.

Педесет и шест годишниот Ким е претседател на Светска банка од јули 2012 година, а неговиот втор мандат почнува на 1 јули 2017 година.