Превенција од поплави: Се чисти речната и каналската мрежа

28.09.2016 10:15

Ова е период на чистење на речните корита и каналите за заштитата од поплави. Се чистат Црна Река и каналот „Блато“ во Прилепско. Со нова механизација Водостопанство главно ќе се концентрира на чисење на критичните делови од реките во државава...

Водостопанство на Македонија го користи периодот на нискиот водостој на реките да ги исчисти речните корита и каналите во државава за подготвено да се пречекаат март и април кога водостојот е највисок и се можни поплави. Во моментов се чисти вегетацијата околу Црна Река и големиот канал „Блато“ во вкупна должина од 13 километри.

Со програмата на Европската унија за санација од поплави се предвидени околу 7 милиони евра. Же се чисти на повеќе локации, меѓу кои во Прилепско, како и 24 километри од реката Струмица до границата со Бугарија. Распишан е тендер за нова механизација и концентрацијата е на критичните реки во државава.

Во Македонија се главни три каналски мрежи: во Битолско, Прилепско и Скопско. Прилепската е долга 167 километри.

 

Елизабета Митреска