Обама го именува првиот американски амбасадор на Куба по пауза од 55 години

28.09.2016 10:51

Пред 55 години, двете земји ги прекинаа односите. Американската амбасада во Хавана беше повторно отворена лани.

Американскиот претседател Барак Обама го именуваше дипломатот Џефри де Лорентис за прв амбасадор на САД на Куба.

Пред 55 години, двете земји ги прекинаа односите. Американската амбасада во Хавана беше повторно отворена лани.

Лорентис работеше како висок функционер во кубанската престолнина веќе една година, откако беа обновени односите меѓу Вашингтон и Хавана.