ФБИ: Уништување на калифатот на ИД ќе донесе зголемување на екстремистичките напади

28.09.2016 11:26

Шефот на бирото Џејмс Коми нагласи дека во процесот на територијално чистење ќе останат стотици опасни борци...

ФБИ предупреди дека Светската заедница треба да се подготви за значајно зголемување на екстремистичките напади, доколку биде уништен калифатот на Исламска држава во Ирак и Сирија.

Шефот на бирото Џејмс Коми нагласи дека во процесот на територијално чистење ќе останат стотици опасни борци кои ќе формираат таканаречена терористичка дијаспора.