Претседателски избори на 13 април
01.02.2014 12:25
Претседателските избори ќе се одржат на 13 април, соопшти денеска Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски...

Претседателските избори ќе се одржат на 13 април, соопшти денеска Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски.
Кампањата ќе започне дваесет дена пред изборите, а партиите до овој мометн се уште не излегле со кандидатури за шеф на државата.
Решението за распишување на изборите Собранието ќе го достави до Државната изборна комисија, која, според нејзиниот претседател Никола Рилкоски, е подготвена за реализација на изборниот процес, но и за одржување на предвремени парламентарни избори.
