Либија со нова влада со обединети оружени сили

28.09.2016 12:11

Либиските власти сметаат дека е потребно да се договори примирје и новиот кабинет да има рамномерно претставување од сите сили во земјата.

Во Либија ќе бидат формирани нова влада и обединети оружени сили, кои ќе ги вклучуваат силите под контрола на генерал Халифа Хафтар, кој ги раководи клучните нафтени наоѓалишта во земјата.

Либиските власти сметаат дека е потребно да се договори примирје и новиот кабинет да има рамномерно претставување од сите сили во земјата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд им вети поддршка, нагласувајќи дека нема да дозволи сценарио како сириското.