МХ-17 најверојатно бил соборен од ракета
Истрагата за авионската несреќа на малезискиот авион денеска би требало да го презентира извештајот за собраните докази , на кој заедно работеа холандски, малезиски, белгиски, австралиски и украински експерти...

Меѓународната криминална истрага за соборувањето на авионот МХ-17 најверојатно ќе покаже дека леталото било соборено од ракета БАК истрелана од територија во Источна Украина контролирана од сепаратистите.
Заедничката истрага предводена од холандски тим собира докази за можно воено судење и се очекува денеска да ги претстави доказите. Холандската полиција и обвинителите работат заедно со колеги од Австралија, Белгија, Малезија и Украина.
Извештајот доаѓа по претходна истрага од холандскиот одбор за безбедност. Во него се вели дека ракета истрелана од софистициран БАК земја- воздух систем го погодила малезискиот авион којшто летал од Амстердам кон Куала Лумпур, по што експлодирала до пилотската кабина. Загинаа сите 298 патници.
Според дипломатски извори, меѓународните истражители ќе дадат точна локација на Гугл која ќе покаже дека системот бил лоциран на територија контролирана од сепаратистите, во близина на селото Снижне.
Истрагата работи на тоа да докаже дека ракетата дошла од 53-тата антиавионска ракетна бригада од Кремљ со база во рускиот град Курск. Се претпоставува дека била пренесена преку Руско-украинската граница во јули 2014 и била забележана како го напушта Доњецк, контролиран од бунтовниците и се упатува кон исток.
Марина Автовска
