САД за неколку дена ќе одговорат на барањето за апсење на Ѓулен
28.09.2016 14:49
Анкара го обвинува Ѓулен дека стои зад обидот за воен удар во Турција.

Американски претставници им кажале на турските колеги дека САД за неколку дена ќе одговорат на барањето на Турција за апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
Анкара го обвинува Ѓулен дека стои зад обидот за воен удар во Турција. Седумдесет и петгодишниот Ѓулен демантира дека е вмешан во обидот за преврат.
