Анкета: Ако утре има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има 59, СДСМ 36 пратеници
01.02.2014 12:37
Врз основа на објавените резултати од телефонската анкета на Иниститутот Димитрија Чуповски ...

Врз основа на објавените резултати од телефонската анкета на Иниститутот Димитрија Чуповски која беше спроведена во периодот од 24 до 26 јануари врз репрезетативен примерок од 1.530 испитаници со цел да се измери поддршката на граѓаните кон политичките партии, Институтот Димитрија Чуповски изготви симулација за освоени пратенички мандати користејќи го Донтоновиот модел кој што се користи за парламентарните избори во Република Македонија.
Притоа во симулативните резултати не се земени во предвид пратеничките мандати од дијаспората.
Резултатите од симулацијата покажуваат дека доколку резултатите од прашањето “Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале” се претворат во пратенички мандати, соодносот во Собранието на Република Македонија би бил следниот: СДСМ би имал 36 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 59, ДПА 7, ДУИ 15, ГРОМ 2, а НДП 1.
