Енергетика

Обновливи извори на енергија за побрз економски развој

28.09.2016 16:18

На конференција во Скопје се расправаше за енергетските потенцијали на земјава. Надлежните велат дека долгорочна цел е да се користат обновливите извори. Бизнисот оценува дека со ова ќе се придонесе кон побрз економски развој и пониски трошоци...

Во завршна фаза е постапката за избор на најповолен понудувач за изградба мали хидро-централи од седмиот тендер со кој се опфатени 35 локации. Дополнително со уште една постапка се утврдени локации за уште 11. Се чека и на најсоодветното решение за ХЕЦ Чебрен и Галиште- велат од Владата.

Со следниот оглас од ИПАРД 2 програмата, кофинансирањето за инвестиции во обновливи извори на енергија се зголемува на 60 проценти, наместо досегашните 50. Надлежните сметаат дека тие не се доволно искористени во земјоделството.

Изградба на ветерени паркови, искористувањето на соларната енергија ќе им овозможи побрз развој и намалени трошоци на компаниите. Клучна е заштедата на енергијата како столб за одржлив развој, велат од Сојузот на стопанските комори. 

Според надлежните долгорочната цел во енергетскиот сектор е зголемено искористување на обновливите енергетски извори за што и националната гасификација во голем дел ќе помогне- велат надлежните.

 

Дијана Ценевска