Почна комисиската расправа за предлог буџетот за 2017-та
Пратениците ја почнаа десетдневната расправа за буџетот во 2017-та година. Министерот за финансии, Кирил Миноски, најави повеќе капитални инвестиции и социјална стабилност, за пензионерите 5 процентно зголемување на примањата од декември годинава. Опозицијата смета дека предложената државна каса е со нереални проекции, за власта- буџетот е развоен...

Економски раст од три проценти, инфлација од еден насто. Во 2017-тата, во буџетската каса проектирани приходи од три милијарди и педесет милиони, расходи од 3 милијади 350 милиони евра, буџетски дефицит од три насто. Капиталните инвестиции в година ќе бидат повисоки за една петина- најави министерот за финансии.
Почна комисиската расправа за собирањето и трошењето на државните пари во 2017-та. Во образложенито Миноски со став- за фискална консолидација, пресметките се базирани на високите капитални инвестиции, на социјалната заштита на ранливите категории и на етапното намалување на буџетскиот дефицит. Клучен приоритет- подршката на приватниот сектор.
„Очекуваме дека растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, за кој проектиравме раст од 6 проценти на реална основа, кој се базира на очекувањата за извозна активност на капацитетите во слободните економски зони. Растот на извозот се очекува да биде придружен со понатамошно подобрување на неговата структура преку зголемување на учеството на производи со повисока додадена вредност“, изјави министерот за финансии, Кирил Миноски.
Во буџетската каса проектирано- бруто инвестиции повисоки за 4,5 проценти, даночни приходи потешки за речиси 9,5, социјални придонеси за 3,46 насто. Повеќе пари и за пензии, од декември најавена и исплатата на линеарното зголемување од проценти.
СДСМ со став- предлог проекцијата нема подршка, буџетотот е нерелаен. Реплицираа од ВМРО ДПМНЕ, пласирате исти тези од 2008- мата. ДУИ ќе гласа за, распределбата на парите пропорционална. ДПА најави амандмански интервенции.
Распрвата по предлог буџетот за 2017-та во матичната комисија за финансирање и буџет треба да заврши за 10 дена.
Сузана Фиданска- Стоевска
