Во зелен плик известување од пензиските друштва

01.02.2014 12:40

Успешна година во која континуирано расте бројот на членови и средствата во вториот и третиот столб...

Успешна година во која континуирано расте бројот на членови и средствата во вториот и третиот столб. Вака од МАПАС ја карактеризираа 2013 година. Мапас се грижи за интересите на над 350 илјади членови во вториот и околу 20 илјади во третиот столб.
 
Во таа насока активно превзема активности за подигнување на свеста на јавноста а особено младите, преку едукативна кампања за младите и посети на средните училишта и факултети, делење на информативни флаери, активирање и редовно ажурирање на новости на фајзбук страна, изработка и достава на електронски информатор Е- МАПАС.
 
Пензиските друштва еднаш годишно во писмена форма ги известуваат членовите  на задолжителните и доброволните пензиски фондови за состојбата на средствата на нивните сметки.  Известувањеата ќе бидат доставувани во зелен плик со цел нивна лесна препознатливост. Пликот ќе содржи два извештаи еден за состојбата на пензиската заштеда на членот а вториот се однесува на портфолиото на пензискиот фонд. 
 
Ана Јосифовска