Охрид станува и зимски туристички центар

01.02.2014 12:45

Охрид покрај летен во иднина ќе прерасне и во зимски туристички центар...

Охрид покрај летен во иднина ќе прерасне и во зимски туристички центар. Физибилити студијата што ја изработи реномирана канадска компанија ја потврди оправданоста од изградба на зимски скијачки центар, кој поради близината на езерото би бил привлечен за туристите и во текот на летото.
 
„Основниот проект треба да биде завршен до крајот на април, а во истовреме се работи на оглас кој ќе трае до почетокот на јуни,по што ќе се распише тендер за изградба на скијачкиот центар“, најави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. 
 
„Можеби скијачкиот центар нема да биде голем, но заради уникатноста на природата и погледот на две езера ќе биде еден од најатрактивните во светот“, додаде тој. 
 
Сашо Нелоски