Јужна Каролина: Тинејџер со огнено оружје застрела четири лица

29.09.2016 11:06

Последниот вооружен напад во САД се случи во градот Таунвил од засега непознати причини.

14-годишното момче кое застрела двајца ученици и учителка во основно училиште во Јужна Каролина претходно го убило својот татко во семејниот дом. Последниот вооружен напад во САД се случи во градот Таунвил од засега непознати причини.

„Домот е оддалечен 3 километри од училиштето. Семејството пријавило многу брзо по инцидентот во Таунвил, а кога стигнале полицајците го пронашле телото на господин Озборн. Починал од прострелна рана. Веруваме дека убиството е поврзано со нападот во училиштето. Постои врска меѓу напаѓачот и жртвата. Се работи за татко и малолетен син“, изјави Грег Шор, форензичар.

Тинејџерот е уапсен, а властите соопштија дека инцидентот не е поврзан со тероризам или расизам.