Не се исклучува можноста МХ17 да е соборен поради грешка на операторот на ракетниот систем

29.09.2016 11:27

Според извештајот на Меѓународната истражна група, ракетата долетала од територија под контрола на бунтовниците. Но, Русија негира. Ракетата дошла од страничниот дел на авионот и тоа ги докажува оштетувањата на констуркцијата на леталото.

Руската државна компанија „Алмаз-Антеј“ која го произведува ракетниот систем „Бук, “ не ја исклучи можноста дека авионот на „Малејжа ерлајнс“ на летот МХ17 бил соборен поради грешка на операторот.

Според извештајот на Меѓународната истражна група, ракетата долетала од територија под контрола на бунтовниците. Но, Русија негира. Ракетата дошла од страничниот дел на авионот и тоа ги докажува оштетувањата на констуркцијата на леталото.

Лансирањето се извршило од Зарошченко, место под контрола на Украина.