Шведска повторно воведува задолжително служење на воен рок

29.09.2016 12:26

Оваа земја, која немала вооружен судир на нејзината територија веќе два века, воената служба ја укина во 2010 година, оценувајќи дека тоа не е добар начин за создавање модерна војска.

Шведска објави дека од 2018 година повторно воведува задолжително служење на воен рок. Оваа земја, која немала вооружен судир на нејзината територија веќе два века, воената служба ја укина во 2010 година, оценувајќи дека тоа не е добар начин за создавање модерна војска.

Новата политика ќе се однесува за момчињата кои се родени по 1999 година. Оваа одлука треба да ја усвои и шведскиот Парламент, а се очекува дека левичарската Влада ќе добие поддршка од опозицијата на десниот центар.