НБРМ: Македонскиот банкарски систем е стабилен и издржлив
Во услови на политичка криза за 1,5 процент се намалила активата на банките, како резултат на шпекулациите кои предизвикаа повлекување на депозитите.

„Македонскиот банкарски систем е стабилен и издржлив“- констатирал Советот на Народна банка на седницата за ризиците во овој сектор во вториот квартал. Во услови на политичка криза за 1,5 процент се намалила активата на банките, како резултат на шпекулациите кои предизвикаа повлекување на депозитите.
Ова поттикна реакција од НБРМ, се зголеми каматната стапка на благајничките записи и задолжителната резерва, со што беше сопрен негативниот тренд.
Банките се ликвидни, во вториот квартал, кредитите забележале солиден раст од 2,4 проценти, со што годишниот раст изнесува 8,2 насто. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити е 7,5 проценти.
