Мозочните удари се зголемиле за три до 4 случаи во едно деноноќие
Зголемен број на мозочни удари
31.10.2013 21:41
Деновиве зачестиле повиците до итната медицинска помош
Во последнава недела зголемен е бројот на мозочни удари. Младите се повеќе се жалат на такви симптоми. Жените се повеќе страдаат од мозочни краварења а мажите од запушување на крвните садови.
Хари Хокоцијан – итна медицинска помош
(популацијата која што се жали на таква симптоматологија е различна меѓутоа за жал се помлади луѓе се жалат на такви симптоми и истите се хоспитализираат дел во клиничкиот центар дел во гратската општа болница 8 – ми септември)
Најмадиот пациент е на околу 40 годишна возраст.. Невролозите велат дека младите имаат многу стресен живот и не водат сметка за здравјето..
(многу касно легнуваат, многу касно стануваат многу неадекватно се понашаат, причините кај нив може да бидат и наследни генетски ризици, покачениот крвен притисок исто така чувство дека ајде не ми е ништо се ќе ми помине, не е така се акумулира проблематиката и затоа тие страдаат)
Разликите во температурата меѓу ноќта и денот влијаат врз пречувствителни личности.. Препораките за превенција од мозочен удар е да се намали психо-физичката активност, стресот и да се зема препишаната терапија.
