Силно невреме во Романија

01.02.2014 12:50

Силно невреме, проследено со интензивни снежни врнежи и екстремно ниски температури зафати дел од Европа и Балканот.

Силно невреме, проследено со интензивни снежни врнежи и екстремно ниски температури зафати дел од Европа и Балканот.
 
Во моментов најпогодена е Романија, каде дури 13 лица починаа од студ.
 
Според државниот секретар за внатрешни работи , повеќето од жртвите се бездомници, од кои некои биле под дејство на алкохол.
 
Минатава недела Романија е зафатена од снежни бури, кои сериозно го нарушија сообраќајот и изолираа десетици населби.
 
Температурите паднаа до минус 18 степени во Барлад и до минус 15 степени во Букурешт.