Австралија: Невреме предизвика прекин во телекомуникациите

29.09.2016 13:15

Оваа австралиска сојузна држава со 1,7 милиони жители ја погодија силни ветришта со брзина од 140 км/ч, пороен дожд и град.

Невремето во Јужна Австралија предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија и телекомуникациските услуги.

Оваа австралиска сојузна држава со 1,7 милиони жители ја погодија силни ветришта со брзина од 140 км/ч, пороен дожд и град.

Жртви нема, предизвикана е само материјална штета.