Кирацовски: Да се одложи оценувањето на администрацијата до крајот на 2017
Изборна година е, за два месеца се предвремените парламентарни избори и не дозволувам никој предизборно да им се заканува и да ги уценува вработените во администрацијата, посебно не со уценувачкото и нелогично оценување, изјави Кирацовски...

Дополнителниот заменик- министер за информатичко општество и администрација Кирацовски изјави дека покренал иницијатива да се одложи оценувањето на јавната администрација до крајот на 2017 година.
Побарав измени на Законот за административни службеници по скратена постапка и група пратеници уште денеска ќе го поднесе предлогот во Собранието. Изборна година е, за два месеца се предвремените парламентарни избори и не дозволувам никој предизборно да им се заканува и да ги уценува вработените во администрацијата, посебно не со уценувачкото и нелогично оценување, изјави Кирацовски.
