Спасовски: Смена на 11 началници и раководители
Именувањето на новите раководители е согласно со моите овластувања и политичкиот договор, вели Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направил кадровски смени во 7 сектори и во 4 оддели на министерството. Именувањето на новите раководители е согласно со моите овластувања и политичкиот договор, вели Спасовски.
„Тоа го направив врз основа на проценката моја и проценката на мојот тим со единствена задача до изборите МВР да функционира нормално, да се обезбедат услови за фер и демократски избори, да се остварат сите функции согласно Законот за внатрешни работи, да се сочува јавниот ред и мир, безбедноста на граѓаните и да не дозволиме МВР да биде алатка во рацете на која било од политичките партии“, изјави Спасовски.
Ова е класичен упад во функционирањето на министерството и непочитување на правниот систем- вака ги оцени кадровските смени дополнителниот заменик министер Андонов.
Заобиколувајќи ги на криминален начин правилата, процедурите и критериумите за распоредување, Спасовски си дозволи да унапредува лица за три, четири па се до 12 скалила во хиерархиската поставеност, што е акт без преседан и кој нема никакви допирни точки со Законот за внатрешни работи, рече Андонов.
